More

    Косово: Селото Бањска четврти ден е под блокада

    spot_img

    Селото Бањска кај Звечани на северот на Косово, каде во неделата се случи конфликт во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција, а уште двајца се ранети, се уште е под блокада, иако акцијата за пребарување на полицијата заврши. .

    Како што соопшти заменикот на косовската полиција за регионот на Северна Митровица, Ветон Елшани, во Бањска се уште е дозволен влез само на локалното население, а одлуката што понатаму ќе биде донесена денеска.

    Побарана оставка од Вучиќ поради „дебаклот на Косово“

    Косовската полиција соопшти и дека на северот на Косово се уапсени вкупно осум Срби, за кои се верува дека се поврзани со пукањето во Бањска и убиството на полицаец.

    Кфор соопшти дека нивните војници се присутни на подрачјето на Бањска и дека ја следат ситуацијата и се подготвени да одговорат.

    Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ на средба со амбасадорите на Квинта и на ЕУ побара КФОР да ја преземе безбедноста на северот на Косово.

    Нова заплена во Бањска: Полицијата пронашла блиндирано возило и повеќе оружје

    Вучиќ се сретна и со советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шолет, кој рече дека трагичната загуба на животи на северот на Косово е дополнително предупредување за важноста од итно враќање на мирот и враќање на дијалогот со посредство на Европската унија.

    Инаку, во сите четири општини на северот на Косово – Звечан, Лепосавиќ, Зубин Поток и Косовска Митровица, во вторникот граѓаните запалија свеќи и им оддадоа почит на убиените Срби кои се судрија со полицијата.

    Министерот за полиција на Косово објави видео од манастирот, тврди дека Милан Радоичиќ се гледа во полна воена опрема (ВИДЕО)

    Од вторник во општините на северот на Косово е тридневна жалост, а денеска е Ден на жалост во Србија како и во Република Српска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img