Косово наскоро ќе добие стадион со капацитет од 8.750 гледачи.
Косово е подготвено да изгради нов стадион. Во Гњилан се подготвува градба со капацитет од 8.750 гледачи и која ќе биде 4-та категорија на УЕФА.
Во Косово тврдат дека буџетот за изградба е обезбеден.
Министерот за спорт Хајрула Чеку откри дека проектот е готов и дека се ќе започне наскоро.
„Конечниот проект на стадионот во Гњилане, кој недостасуваше, сега е изготвен и подготвен за реализација, додека буџетот потребен за финансирање на реализацијата е веќе обезбеден. Во денешниот договор со градоначалникот Албан Хисени ветивме 15 милиони евра за изградба на стадионот. Веднаш ќе започнат потребните процедури за реализација на проектот, а работите во целина ќе започнат во најкус можен рок. Против инволвираните се подготвуваат кривични пријави за констатираните прекршоци во минатото на овој стадион сега така квалификуван од Државниот завод за ревизија. Одлучно го спроведуваме инвестицискиот план за Медитеранските игри 2030. Создаваме подобра иднина за спортот“, рече Чеку.
Во целата приказна и премиерот на Косово Аљбин Курти најави изградба на националниот стадион кој би бил готов до 2030 година за кога се закажани Медитеранските игри.