Навивачите на турскиот клуб Гестепе на трибините истакнаа кореографија со македонското знаме во средината.Ова го направија во чест на нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ кој настапува во овој клуб од Измир, а кој поради повреда не настапи на последниот прволигашки натпревар против Алтај, кога неговиот тим загуби со резултат 0:2.