Концертот на големата ѕвезда во сенка на охридската „величествено сељачка агенда“, обвинува Авалон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Публиката со задоволство го проследи извонредниот настап на големата ѕвезда Лени Кравиц во Охрид во неделата вечер, но и организаторите и посматрачите очекуваа повеќе посетители.

Организаторот на концертот, Авалон продукција, се жали на условите за организација на овој ексклузивен концерт.

– Полесно е да нaправиш Формула 1 во Маврово отколку да организираш овде концерт, после ваква „величествено сељачка агенда“, каква што имаше објектот пред концертот на Лени Кравиц, што го доведе во прашање неговото организирање – напиша на Фејсбук Бобан Милошевски од Авалон.

Тој се пожали дека им бил забранет влезот на стадионот да саботата во 24 часот, затоа што имало, како што напиша, „ексклузивен концерт на ѕвездата Аца Пејовиќ, кој е толку ексклузивен што уште во Долно Коњари нема пеено…“

– Не ја оставаме земјата на простаклукот, шундот и на кичот – напиша Бобан Милошески.

Ова се дел од снимките од концертот на Лени Кравиц:

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article