Констракта го откажа предевровизискиот настап

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ана Ѓуриќ – Констракта, српската претставничка на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, поради здравствени причини го откажа својот предевровизиски настап во Мадрид, Шпанија.

„Нема да имате можност да го гледате настапот на предевровизискиот концерт во Мадрид, кој ќе се одржи на 16 април, од здравствени причини. А, за Торино уметницата мора да биде здрава“, е објавено на еден од инстаграм-профилите на пејачката.

Фановите на Констракти во коментар порачаа дека ѝ посакуваат брзо закрепнување и да се одмори до евровизискиот настап во Торино, Италија.

Потсетуваме дека српската претставничка високо котира на евровизиските обложувалници и многумина предвидуваат дека ќе влезе во финалето.

Таа неодамна настапи во Израел на еден од настаните одржани во пресрет на Евровизија. Нејзиниот настап подоцна беше нашироко дискутиран на социјалните мрежи.

Share This Article