Високиот комесар на ОН за бегалци на Блискиот Исток, Филип Лазарини, во изјава за Би-Би-Си предупреди од опасноста конфликот меѓу Израел и Хамас да се прелее во регионот и да добие застрашувачки размери.
– Светот ја губи својата човечност. Блискиот Исток е на работ на бездна како резултат на војната меѓу Израел и Хамас – оцени Лазарини, предупредувајќи дека насилството може да се прелее во регионот.
Лазарини предупреди на страшната ситуација за цивилите во Газа, повторно повикувајќи да се отворат коридори за хуманитарна помош. Говорејќи во Ерусалим, Лазарини го осуди нападот на Хамас врз Израел, нарекувајќи го ужасен и варварски масакр што создаде национална траума, колективна траума во Израел.
– Но, овој настан сè уште не го оправдува водењето војна без никакви ограничувања. И не верувам дека убиството на повеќе цивили е во интерес на идната безбедност и мир овде во регионот – потенцираше високиот комесар.