Компанијата „Тера Пауер“, кооснована од американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс, наскоро ќе гради нуклеарни централи од новата генерација во САД, пишува „Фајненшл тајмс“.
Извршниот директор на компанијата Крис Левеск соопшти дека неговата компанија ќе започне да гради во јуни на локација во близина на сегашната електрана на јаглен во Кемерер, Вајоминг, САД, доколку дотогаш не ги добијат сите дозволи од надлежните органи.
Како што е соопштено, реакторите во оваа нуклеарна централа наместо со вода, ќе се ладат се течен натриум, што го прави процесот поевтин. Тоа ќе овозможи производство на поевтина, побезбедна и поеколошка енергија.
Нивниот натриумски реактор се очекува да чини 4 милијарди долари, а половина од трошоците ќе ги покрие американското Министерство за енергетика.
Нуклеарната централа треба да биде готова во 2030 година.
Иако руските и кинеските државни фирми веќе успеаја да работат со помали нуклеарни реактори, напредокот во развојот на слична технологија во САД е запрен во последниве години.
Бил Гејтс помогна во основањето на Тера Пауер во 2006 година и оттогаш е нејзин претседател. Компанијата истакнува дека нејзината цел е да му обезбеди на светот подостапен, побезбеден и поеколошки тип на нуклеарна енергија.