More

    Компанијата ЕДС ќе биде меѓу првите трговци со струја

    spot_img

    Energy Delivery Solutions (ЕДС) го склучи првиот договор за откуп на енергија индексиран кон МЕМО DAM индексот на Македонската берза за електрична енергија.

    Македонската берза за електрична енергија од утре свечено почнува да функционира, а ЕДС АД ќе биде меѓу првите компании трговци со електрична енергија која што ќе обезбедува електрична енергија за своите клиенти преку неа.

    – Со ова се означува особено значаен момент за македонскиот пазар на електрична енергија, но и за ЕДС АД како компанија. Особено сме задоволни што го презедовме овој важен чекор и очекуваме преку интензивна работа да градиме плодна соработка со Македонската берза за електрична енергија и преку неа да обезбедуваме сигурно и исплатливо снабдување со електрична енергија за нашите клиенти – велат од компанијата.

    ЕДС веќе 10 години успешно работи на македонскиот енергетски пазар. Компанијата во текот на изминатата деценија со своето делување, кое е секогаш во согласност со највисоките професионални и корпоративни стандарди, изгради имиџ на лидер во областа на трговија со електрична енергија на пазарот за квалификувани потрошувачи.

    Преку деловната одлука на грчката национална енергетска компанија PPC SA (Public power corporations) стратешки да инвестира во Македонија, ЕДС АД во 2018 година стана дел од корпорацијата која што важи за енергетски гигант во југоисточна Европа.

    Во овој момент, балансната група која што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат повеќе 550 правни субјекти. Компанијата и во наредниот период ќе продолжи со добрите деловни пракси во насока континуирано да го зголемува своето портфолио при тоа нудејќи им на своите клиенти најповолни понуди за снабдување со електрична енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img