More

    Комитетот на Бернската конвенција одлучи да побара од Владата на Македонија да ги раскине преостанатите концесии за мали хидроелектрани во НП Маврово

    spot_img

    Комитетот на Бернската конвенција одлучи да побара од Владата на Македонија да ги раскине преостанатите концесии за мали хидроелектрани во НП Маврово, како прв чекор кој ќе го забрза процесот на репрогласување на паркот.

    Одлуката е донесена на 42 седница по предметот од 2013 година „НП Маврово и планираните хидропроекти на неговата територија“.

    Комитетот го препозна напредокот во однос на имплементацијата на Препораката бр.211 од 2021 година, особено раскинувањето на 7 концесии за мали хидроцентрали во новопрогласениот Национален парк „Шар Планина“. Оваа иницијатива на Владата на РСМ беше посочена како пример што треба да се примени и во Националниот парк Маврово. Сепак, беше истакнато дека е потребен поконкретен и побрз напредок, особено, во однос на аспектите кои беа посочени од страна на подносителот на жалбата, Еко-свест.

    Организацијата Еко-свест побара откажување на преостанатите три концесии во НП Маврово (МХЕ Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка); побрзо донесувањето на новиот Закон за природа; започнување на процесот на репрогласување на НП Маврово со иницирање јавни консултации и анализа на постоечката документација; започнување на процесот на ажурирање на Акцискиот план за зачувување на балканскиот рис; започнување на процесот на подготовка на методологијата за утврдување на еколошкиот проток во соработка со граѓански организации; ивоспоставување редовна координација и консултации помеѓу државните органи и поднесителот на жалбата.

    – Раскинувањето на концесиите во НП Маврово е од клучно значење за идното разрешување на отворениот случај во Бернската конвенција. Затоа го предложивме како прв и најважен чекор и тоа беше прифатено од Комитетот. Ја охрабруваме Владата на Македонија да го следи примерот со раскинување на концесиите на Шар Планина и бараме веднаш да го отпочне процесот на репрогласување на „Маврово“ во соработка со граѓанските организации. Воедно, Владата мора итно да ги обезбеди средствата за овој процес од државниот буџет, следејќи ја препораката – изјави Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.

    Комитетот, земајќи го предвид постигнатиот напредок и очигледната подготвеност на Владата на Република Северна Македонија да преземе акција, одлучи да го задржи случајот како отворен и ги покани двете страни да презентираат нови извештаи за напредокот во однос на случајот и Препораката бр. 211 во јули 2023 година.

    – Комитетот го прифати нашиот предлог за итна подготовка на методологија за утврдување на еколошкиот проток. Обезбедување еколошки проток на водата кој овозможува здравје на сите зависни екосистеми е клучно за унапредување на заштита на реките и водниот биодиверзитет, како и за ублажување на евидентните штети од изградбата на малите хидроцентрали – додаде Ѓорѓи Митревски, координатор за поддршка на заедниците во Еко-свест.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img