More

    Командирот на ПС Охрид Сашо Дончевски по трет пат доби „Црвен картон“ од Совет на Општина Охрид

    spot_img

    И на дваесет и петтата седница на Советот на Општина Охрид по трет пат советниците не го изгласаа извештајот за работењето на командирот на ПС од Општа надлежност Охрид Сашо Дончевски. Според информации кои дојдоа до Редакцијата на Охридскај, една недела пред закажаната седница од страна на високи полициски структури од Охрид, како и поголем дел на подземјето во Охрид вршеле притисок да биде изгласан извештајот за работењето на командирот на ПС од ОН Охрид, Сашо Дончевски.

    КРИМИНАЛНА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА СО КРИМИНАЛНИ МЕТОДИ!

    – Само пред еден месец објавивме како полициски службеници од ПС од ОН Охрид дивееле по ноќните клубови, како истите тие во алхохолизирана и дрогирана состојба претепале вработен на бензиската пумпа Црна Река, како истите дивееле во ноќен клуб, но и како полициски службеници од ПС од ОН Охрид работат како обебзедување по ноќните клубови во Охрид, од кои поголем дел воопшто немале ниту лиценца за работа како ноќни клубови! Но, наместо да го спроведуваат законот тие терале лихва, рекет, дилале опијати, токму затоа и нивниот извештај претставува расипано јајце!
    Но, и покрај тоа што и по трет пат Советот на Општина Охрид не го изгласал извештајот за работењето на Командирот на ПС Охрид, Дончевски и самата полициска станица, сепак на никого не му паѓа на памет да спроведе кадровски промени во ПС од ОН Охрид.
    Некој го имале Охрид – пред сѐ, други имале и План Б, ама сите тие интереси се поставиле како лични криминални интереси и никако поинаку.
    Резултат од денгубењето на советниците во Совет на Општина Охрид секако дека Дончевски ќе си остане командир, поголем дел од полицајците повторно ќе си дилаат наркотици, ќе тераат лихва и рекет, ќе претепуваат невини граѓани, ќе шират полициска бруталност, зашто има фалинка во Законот, а Општината не ги плаќа полицајците во ПС од Он Охрид, па тие ќе можат да си прават што сакаат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img