More

    Колку тежиш? Ова е докажано дека ја одредува вашата желба за секс

    spot_img

    Кога станува збор за сексот, не само општеството влијае на дебелите луѓе. Новото истражување сугерира дека одредени физички состојби кои ја придружуваат дебелината, исто така, влијаат на сексуалниот нагон, што дополнително ги намалува желбите на оние со прекумерна тежина.

    Колку дебелината го попречува либидото?

    Според една неодамнешна студија спроведена од научници од Универзитетот Дјук, до 30 проценти од дебелите луѓе кои бараат помош за контрола на тежината, исто така укажуваат на проблеми со сексуалниот нагон, желбата или перформансите, пишува Живим.хр.

    Најновото истражување покажува дека овие проблеми може да се поврзат со физички состојби кои постојат поради дебелината. Високиот холестерол и отпорноста на инсулин може да влијаат и на сексуалните перформанси, што пак влијае на желбата, особено кај мажите, објаснуваат експертите.

    Исто така, колку повеќе телесни масти имате, толку се повисоки нивоата на природниот хормон SHBG (Sex Hormone Binding Globulin). Тој хормон го врзува тестостеронот за себе. Лекарите теоретизираат дека колку повеќе тестостерон е врзан за SHBG, толку помалку е достапен за стимулирање на сексуалната желба.

    Што да се прави?
    Сепак, можете да направите некои промени во вашето тело и начинот на кој размислувате за вашето тело, за да го подобрите вашето либидо.

    Експертите истакнуваат дека губењето на неколку килограми може да ослободи многу тестостерон и на тој начин да го поттикне вашиот љубовен живот.

    Исто така, малите промени во исхраната, како што е јадењето повеќе овошје и зеленчук, може да го намалат нивото на шеќер и холестерол во крвта, а таквите промени директно влијаат на сексуалната желба.

    Исто така, вежбите кои се фокусираат на циркулацијата во пределот на гениталиите можат да направат голема разлика, особено кај жените.

    Како да започнете?
    Започнете со идентификување на физичките и психолошките пречки кои би можеле да стојат на патот на исполнетиот сексуален живот.

    Експертите истакнуваат дека една од најголемите пречки за уживање во сексот е лошата слика за сопственото тело. Тие предупредуваат дека неможноста да се прифати сопствената тежина и големина може да ја спречи сексуалната желба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img