More

    Која е Камил Етјен, која беше уловена со сопругот на актерката?

    spot_img

    Откако протекоа фотографии на кои 25-годишната Французинка Камил Етјен излегува од канцеларијата на Бенџамин Милепиед, сопругот на актерката Натали Портман, се разгореа гласините за нивната брачна криза.

     

    Парот наводно долго време се обидувал да го спаси својот брак, а извор изјавил за „Пејџ сикс“ дека 45-годишниот поранешен балетан „прави се што може за да ја натера Натали да му прости“.

    Францускиот магазин „Вуаси“, кој прв ги објави спорните фотографии, тврди дека нивниот брак повторно бил во криза кога Портман во март дознала за наводната афера за која се шпекулираше уште додека го снимала филмот „Мај декември“, минатиот ноември.

     

    Наводната љубовница на Милепид е 25-годишна Камил Етјен, климатска активистка, која на Инстаграм ја следат речиси 300.000 луѓе. Таа веќе се појави во бројни ТВ-емисии во кои се залага за своите верувања.

    „Демократијата е поредок што дозволува право да ги преиспитаме неправедните политички одлуки“, рекла таа во една прилика на својот профил.

    Младата Французинка е пријателка на светски познатата активистка Грета Тунберг, со која ги дели своите верувања.

    Авторка е на книгата „За еколошко востание: надминување на нашата колективна моќ“ и креирала неколку кратки видеа на тема еколошка свест, кои ги промовира во медиумите, а француското издание на „Венити фер“ ја вклучи на листата на 50 највлијателни жени во 2020 година.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img