Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година е намален за 7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,8%, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,9% и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 6,7%, а опаѓање кај „капитални производи“ за 23,2%.
Највисок раст на прометот во април на годишно ниво има рударскиот сектор од 30,3% . Во преработувачката индустрија каде што е забележан пад на прометот, највисоко зголемување на прометот има во производство на производи од гума и производи од пластични маси од 19,4%.
Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на март годинава е намален за 11,6%, а во периодот јануари – април година, во однос истиот период лани за 8,7%.
На домашниот пазар, прометот во индустријата во април годинава во однос на април минатата година е зголемен за 8,7 %, а за 1,2% во однос на март годинава.
Во периодот јануари – април годинава во однос на јануари – април минатата година, пак, има зголемување од 2,3%.
Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на странските пазари, во април годинава во однос на април минатата година е намален за 11%, а во однос на март 2024 година, за 15,4%.
Во периодот јануари – април година, во однос на истиот период лани, има намалување од 11,5%.