Неуморниот 35-годишен додворувач, како што го опишуваат италијанските медиуми, е партнерот на фаталната Гркинка Ева Каили, европратеничката која девет години е постара од него и за која последниве денови зборува Европа. Кога Франческо ќе се обложел дека ќе успее со некоја девојка, не запирал, па дури и се проколнувал додека не ја освоел.
Згодниот Италијанец Франческо Џорџи е свесен за своето провинциско потекло од Абијатеграсо, град на половина час од Милано, но се обидува да го занемари живеејќи раскалашен живот користејќи ја машината што генерира бранови во вештачкото езеро и симулирајќи дека сурфа на Хаваи.
Секогаш одржува рамнотежа, никогаш не паѓа, што му е и егзистенцијален став – проповеда оптимизам и ги мрази оние што мрморат и се откажуваат. Џорџи не само што е убав, тој има вродена способност да фасцинира секого и насекаде, па дури и да продава квалитети што ги нема.
За Франческо велат дека авантурата ја смета за движење на душата. Како капетан пловел дури и по бурно време, сакал луда брзина, како тинејџер комбинирал ноќни опасности што се граничеле со лудило, но, знаел кога да запре додека пријателите околу него колабирале.
„Во секој случај, тоа негово прекумерно испрашување дадено на судијата со вообичаени солзи и напади на паника, покажува дека тој не е криминалец“, пишува италијанскиот весник „Кориере дека сера“ .
Џорџи, кој неодамна беше приведен заедно со Ева, ја призна својата вмешаност во таканаречениот скандал „Катаргејт“, пишува белгискиот весник „Ле Соар“.
Белгиските обвинители рекоа дека со месеци се сомневале дека „една заливска земја“ се обидува да влијае на одлуките во Брисел. Извор запознаен со случајот изјави дека се работи за земјата домаќин на Светското првенство Катар. Каили негираше дека добила пари од Катар, а наводите беа демантирани од катарските власти.
Како што објави грчкиот весник „Катимерини“, за време на вчерашното рочиште, Џорџи му признал на шефот на истрагата, белгискиот антикорупциски обвинител Мишел Клес, дека бил член на организација поврзана со Мароко и Катар, со цел да влијае на нивните односи со Европа. Тој исто така тврди дека оваа „организација“ ја водел поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панцери.
Според „Телеграм“, Џорџи е советник за регионот на Блискиот Исток и Северна Африка во Европскиот парламент и основач на невладина организација наречена „Борба против неказнивоста“, чија цел е да ја промовира „отчетноста како централен столб на архитектурата на меѓународната правда“.
Италијанската „Ла Република“ пренесува дека „Џорџи се скршил пред обвинителот и признал дека постапил незаконски“ и се извинил. Тој, наводно, барал неговата партнеркаа да биде ослободена од притвор, тврдејќи дека „треба да биде блиску до нивната ќерка“. За причините за вмешаноста во корупцискиот скандал, 35-годишниот Џорџи наводно рекол:
– Го направив тоа за пари, иако парите не ми требаа.
Убавата Гркинка и нејзиниот италијански партнер имаат ќерка.