Кој е новиот министер што ќе ја замени Славјанка Петровска?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

До изборот на нов министер, заменик-министерот за одбрана Тирој Јајага од денеска ќе раководи со Министерството за одбрана (МО).

Ова следува откако на досегашната министерка Славјанка Петровска официјално ѝ заврши функцијата откако на 28 мај беше верификуван нејзиниот пратенички мандат.

Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, потсети дека по верификација на мандатите, именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции поради неспоивост на функциите.

Тирон Јајага е кадар на Алијанса за Албанците.

Тирој Јајага е роден на 17 септември 1979, Република Северна Македонија. Тој е оженет и татко на две деца, според веб-страницата на МО.

Тирој Јајага дипломирал како правник на универзитетот „Кент“ во Велика Британија, 2005 година, а станал магистер по Меѓународно право со меѓународни односи на истиот универзитет во 2008 година.

Јајага почнува да работи како правник по меѓународно право во Секторот за меѓународна соработка во МО од 2012 до 2015 година, па од 2015 до 2019 година влегува во функцијата на Одбранбен советник во Северноатлантската алијанса (НАТО), Мисија на РСМ при НАТО. Од 2019 година повторно работи како советник во Секторот за меѓународна соработка во МО.

Тој ја презема функцијата заменик-министер за одбрана на 23 мај 2023 година, според МО.

Share This Article