More

    Кој беше претседателот на Иран?

    spot_img

    Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран.

    Раиси беше претседател на Иран од 2021 година. Тој со внатрешни предизвици ја водеше земјата во време на огромни несогласувања на меѓународно ниво.

    Во Иран во текот на ноќта траеше потрагата по исчезнатото летало, во кое, покрај Раиси, беа и шефот на дипломатијата Хосеин Амир Абдолахиан и уште двајца функционери.

    Секогаш со црн турбан на глава и облечен во верска облека, 63-годишниот Раиси важеше за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред.

    Раиси учествува во Иранската револуција

    Роден во ноември 1960 година, во светиот шиитски град Машхад на североисток во побожно религиозно семејство, Ебрахим Раиси учествува во Иранската револуција која ја собори монархијата на земјата во 1979 година, пишува Њујорк тајмс.

    Тој има 20 години кога е назначен за главен обвинител на Караџа, во близина на Техеран, за време на Исламската револуција. Потоа станува генерален обвинител на Техеран од 1989 до 1994 година, па заменик шеф на судството од 2004 до 2014 година кога е назначен за државен обвинител.

    Во 2016 година, врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, го назначува за раководител на добротворната фондација Астан-е Кудс Разави, која управува со мавзолејот на Имам Реза во Машхад.

    Три години подоцна, тој станува шеф на главното тело на правосудните органи.

    Ги победува изборите на 18 јуни 2021 година

    Ебрахим Раиси е избран на 18 јуни 2021 година во првиот круг на гласање обележан со рекордно воздржување за претседателските избори и отсуство на силни конкуренти.

    Тој го наследува умерениот Хасан Рохани кој го порази Раиси на претседателските избори во 2017 година и не можеше повторно да се кандидира по 2 последователни мандата.

    Смртта на Махса Амини доведува до големи антивладини протести

    За време на мандатот на Раиси, Иран се соочува со големи антивладини протести по смртта на младата Курдка, Махса Амини, во полициски притвор. Властите одговараат со брутална акција која вклучува убиства и егзекуции.

    Техеран ја продолжи и својата програма за збогатување ураниум и продолжи со својата програма за балистички ракети, со што некои извори шпекулираа дека збогатувањето ураниум е за нуклеарно оружје.

    Беше жесток противник на Израел

    Во последниве месеци, Раиси се претстави како жесток противник на Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република, кој го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас од 7 октомври, почетокот на војната во Газа.

    Со тоа, Раиси го оправда нападот без преседан на Иран на 13 април против Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и на неколку земји сојузници на САД.

    Тој беше ставен на црната листа во САД, заедно со ирански официјални лица кои се санкционирани за „соучесништво во сериозно кршење на човековите права“, обвинение што го негираа официјалните лица на Техеран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img