More

    Кои се добитниците во категориите – поезија, проза и есеј?

    spot_img

    На Конкурсот на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра творба на тема „Липа” учествуваа 15 автори – членови на ДПМ со 18 свои творби.

    Жири комисијата во состав Гоце Ристовски, Марина Мијаковска и Мирјана Стојановска наградата „Празник на липите” за поезија ја додели за песната „Липа” од Славица Дабевска Ќировска.

    Жири комисијата во состав Љерка Тот Наумова, Елена Пренџова и Зоран Пејковски наградата „Празник на липите” за проза ја додели за расказот „Последниот Пурим” од Михајло Свидерски.

    Жири комисијата во состав Весна Дамчевска Илиевска, Наум Бајо и Вања Изова Велева наградата „Празник на липите” за есеј ја додели за есејот „Ништо необично” од Трајче Кацаров.

    Наградите на авторите ќе им бидат врачени на традиционалната меѓународна манифестација „Празник на липите”  што ќе се одржи на 14 јуни со почеток во 11 часот во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img