More

    Кои компании остварија најголема добивка во првите три квартали од годинава?

    spot_img

    Трите најголеми банки во земјава се најпрофитабилни компании кои котираат на македонската берза, покажува прегледот на финансиските податоци на друштвата за периодот 1 јануари до 30 септември годинава подготвен од Македонска берза.

    Покрај нив високи проценти на раст на профитот оствариле и добар дел производни компании и трговци со нафта и деривати.

    Вкупно 69 компании во периодот од јануари до крајот на септември оствариле добивка, 21 компанија е со загуба. На берзата се котирани 94 друштва, од кои 4 биле  суспендирани овој период.

    Компаниите кои котираат на берза во трите изминати квартали оствариле вкупна добивка од 252.338.462 евра, што споредено со истиот период од лани е пораст од 18,91%

    Списокот од 10 најпрофитабилни би изгледал вака:

    Комерцијална банка е на врвот со  нето добивката на банката изнесува 49,6 милиони евра која е повисока од ланската во истиот период за 64,7%.

    Стопанска банка, за овој период остварила нето добивка од 40,3 милиони евра што споредено со лани претставува раст од 20,3%.

    Трите квартала од годинава беа поволни и за НЛБ банкаТаа остварила нето добивка од 39,6 милиони евра со забележан раст од 19,1% во однос на истиот период лани.

    Македонски Телеком е на четвртото место по профитабилност со над 27 милиони евра нето добивка. Оваа фирма работеше подобро од претходната година, што се гледа од порастот на нејзината добивка од 30%.

    Фармацевтската компанија Алкалоид во трите квартала од 2023 година оствари 21,1 милион евра, што е раст од 13,6% во однос на претходната година.

    Цементарницата УСЈЕ остварила нето добивка од 18,1 милиони евра, што е за 79% повеќе во однос на претходната година.

    На 7 место е Макпетрол со 10,7 милиони евра, малку послаб резултат од ланската година за 33%.

    Нафтените бизниси се најпрофитабилните оваа година, иако нивните приходи се намалија во првите три квартали поради падот на цените на нафтата и бензинот и намалената употреба.

    Со заработка од 9,34 милиони евра Мермерен комбинат Прилеп е на седмото место со пад од 6,5 отсто.

    УНИ Банка, која скокна на деветтото место по профитабилност, со 5,5 милиони евра нето добивка во првите девет месеци, што е раст од 35 отсто.

    ОКТА е на десеттото место со добивка од 5,1 милиони евра, за 59% помалку од лани, додека „Макпетрол“ е на седмото место со 10,7 милиони евра.

    По ОКТА, следи Прилепска пиварница со добивка од 3,34 милиони евра за девет месеци и забележителен пораст од 90%, а потоа следи ОИЛКО со 3,26 милиони евра и раст од 42%.

    Винарската визба „Тиквеш“ има најголем пораст на профитабилноста од 181 отсто во првите девет месеци, а по неа е „Макстил“ со 2,8 милиони евра.

    Интересно е да се кже дека највисок раст на добивката во однос на трите лански квартали има трговската компанија „Интерпромет“ од Тетово. Нејзината добивка пораснала за 80270,51% односно од 1.269 евра остварени во трите квартали лани на  1,02 милиони евра во трите квартали годинава.

    Високи 457,87 % раст на добивката забележала и компанијата „Ветекс“ од Велес.Нив ги следи  РЖ „Техничка контрола“ со раст на добивката од 331,33%, ГТЦ АД Скопје со 252,83 .

    За подготовка на извештајот Берзата користела податоци од неревидираните биланси на успех на котираните друштва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img