More

    Кодро со остри зборови се прости од дресот на БиХ: Врвните луѓе на Н/ФС БиХ го уништуваат фудбалот

    spot_img

    Долгогодишниот репрезентативец на БиХ, Кенан Кодро се прости од дресот на репрезентацијата на БиХ.

    Неговата објава ја реобјавуваме во целост.

    „Среќен и горд поради седумте убави години играње за фудбалската репрезентација на мојата Босна и Херцеговина. Им благодарам на сите кои помогнаа да се остварат моите соништа. Им благодарам на моите соиграчи, тренери и на сите останати со кои имав чест да работам сите овие години.

    Имаше добри и не толку добри моменти во играта, но секогаш со срце и голема желба да се помогне. Збогумите никогаш не се лесни, но во овој момент додека челниците на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина го уништуваат фудбалот во Босна и Херцеговина, решив да не учествувам во него и да се збогувам со репрезентацијата. На сите кои ја имаат во срцето фудбалската репрезентација на БиХ им посакувам многу успех во иднина“, рече Кодро.

    Кодро за репрезентацијата на БиХ забележа 15 настапи и постигна два гола. Тој дебитираше во 2017 година. Моментално игра за МОЛ Фехервар, а во минатото настапуваше и за Атлетик Билбао, Реал Сосиедад, Ваљадолид, Осасуна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img