Кочанчанец ги сруши сите рекорди и постави нов рекорд во Македонија по количина на алкохол во крвта.
Имено, при проверка сообраќајната полиција утврдила дека тој го возел своето возило со цели 5,31 промили алкохол, иако законот дозволува само 0,5.
Согласно одредбите во законот, овој возач е исклучен од сообраќај и одземена му е возачката.