More

    Клоп ја заменува тренерската клупа со претседателско столче?

    spot_img

    Клоп ја заменува тренерската клупа со претседателска фотелја?
    Јирген Клоп го заврши својот мандат во Ливерпул и сега чекаме да видиме која ќе биде неговата следна работа.

    Поранешниот англиски репрезентативец, а сега стручен коментатор Гери Линекер тврди дека добил информација според која следната работа на славниот Германец нема да биде тренерската работа.

    Клоп го води Ливерпул од 2015 година. За време на неговиот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја и првата титула во Премиер лигата во 2020 година, односно прва во англискиот шампионат од 1990 година.

    Слот – главниот тренер, а не менаџерот на Ливерпул

    Исто така, Црвените станаа шампиони на Европа во 2019 година, по 15 години чекање.

    Германскиот стручњак ги освои сите натпреварувања што ги водеше со Ливерпул, освен Лигата на Европа каде го загуби финалето од Севиља во 2016 година.

    Пред Ливерпул беше тренер на Борусија Дортмунд со која од 2008 година до неговото заминување освои пет трофеи, меѓу кои и два купа во Бундеслигата.

    Дортмунд може да биде негова следна дестинација, но не како тренер.

    „Мислам дека Клоп прво ќе одмори, му верувам кога ќе каже дека е исцрпен. Можете да видите колку е напорна тренерската работа. Во годините што доаѓаат, клубовите ќе стојат во редици со надеж дека ќе го ангажираат“, рече Линекер и додаде:

    „Слушнав дека Клоп може да стане претседател на Борусија Дортмунд. Тоа би било одлично“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img