More

    Кисинџер имал мрачно предупредување, а ја спомнал како клучна вештачката интелигенција!

    spot_img

    Ние сме во класична ситуација како пред Првата светска војна, двете страни Кина и САД се убедени дека другата е стратешка закана и сме на пат кон судир на големите сили за пет до десет години, онолку колку што дозволува брзиот напредок на вештачката интелигенција за чија надмоќ се тркаат Вашингтон и Пекинг, додека Москва се движи во „кинеската орбита“. Рамнотежата е нарушена, а војната во Украина фрла сенка врз Источна Европа.

    Ова се само некои од пораките кои ги искажал американскиот дипломат Хенри Кисинџер кој ги даде во мај во своето последно интервју за британски „Економист“. Тој почина на 100 години и остави неизбришлива трага во светската дипломатија иако некои го сметаат за „злосторник“.

    Кина не е хитлеровска но…
    – Ние сме на самиот почеток на можноста машините да предизвикаат глобална чума или други пандемии. Не само во нуклеарното, туку и во секое поле на човечкото уништување – вели тој во интервјуто за „Економист“.

    Но, според него „Кина не се стреми кон доминација во хитлеровска смисла“. „Тие не размислуваат така и никогаш не размислувале така за светскиот поредок”. Тој вели дека се сретнал со многу кинески лидери, почнувајќи од Мао Це Тунг, и не се сомневал во нивната идеолошка посветеност, но таа секогаш била вткаена во острото чувство за интересите и можностите на нивната земја.

    Кисинџер не верува дека Кина културолошки ќе доминира ако таа стане супериорна сила во светот. Тој вели дека уште мисли дека Кина и САД може да коегзистираат без закана од сеопфатна војна иако успехот не е загарантиран „и затоа мора да бидеме доволно силни за да го преживееме неуспехот“.

    САД да отстапат од ставот за Тајван, светот да се врати во мирниот 19 век
    Решението Кисинџер го гледа во промена на политиката на САД кон Тајван, „да се остави светот од 19 век“ кога оспорувањето на Тајван и општо на други држави на планетата не се гледало како проблем. Тој потсетува дека во 1972 година кога Никсон ја посетил Кина, само Мао Це Тунг имал надлежност да преговара за островите.

    – Секогаш кога Никсон ќе покренеше одредена тема, Мао ќе му речеше: „Јас сум филозоф. Јас не се занимавам со овие теми. Нека Џоу (Енлаи) и Кисинџер зборуваат за тоа. Но, кога стануваше збор за Тајван, тој беше многу јасен и експлицитно рече: „Тие се еден куп контрареволуционери. Сега не ни требаат. Можеме да чекаме 100 години. Еден ден ќе се соочиме со нив. Но, тоа е далеку – се сеќава Кисинџер на своите денови во дипломатијата.

    Трамп ја скрши калимерата со Кина, Бајден продолжува
    Кисинџер смета дека сè што изградил Никсон со Кина го срушил Доналд Трамп сакајќи да ја принуди Кина на трговски отстапки, додека Џо Бајден тргнал по истите стапки само со „либерална реторика“.
    Тој вели дека дури и ако, по некоја случајност, Кина биде поразена, тоа ќе придонесе за светската нестабилност, а Кина со тоа нема да стане демократска земја како што многу Американци веруваат.

    Путин е крив, ама Западот згреши со ветувањата кон Украина
    Кисинџер го осудува Владимир Путин за војната во Украина, која „беше катастрофална проценка“, но вели дека Западот не е без вина и дека „одлуката да се остави отворено членството на Украина во НАТО е многу погрешна“ и дека тоа што НАТО ѝ ветило на Украина заштита без план како тоа да го исполни ја оставило Украина со слаба одбрана, а притоа го налутило Путин.

    Кисинџер признава дека реалноста е дека Русија по војната ќе го задржи барем Севастопол на Крим, а дека ова ќе биде рецепт за нова војна. Тој вели дека лудо е тоа што Европејците велат дека ја вооружуваат Украина до заби, а потоа велат дека земјата е ризик за Европа и дека не ја сакаат во НАТО.

    Кисинџер предлага Украина веднаш да влезе во НАТО, а како втор чекор Европа да се приближи до РУсија иако ова не би им се допаднало на многу од европските земји.

    Тој не е сигурен дека Кина на крај ќе застане на страната на Русија бидејќи, според него, Кина сепак не сака да се замери со САД околу Украина.

    – Тие (Кинезите) создаваат свој светски поредок, колку што можат – заклучува тој.

    Договорот од Рамбује беше ужасен, тоа ја испровоцира Србија
    Она што е интересно дека Кисинџер во некои свои книги го спомнува и распадот на Југославија. Тој генерално го критикува Западот за својата политика не само во Југославија, туку и во цела Југоисточна Европа.

    Посебно, Кисинџер го критикуваше Западот за вмешаноста во случувањата на Косово во 1990-тите. Тој смета дека бил ужасен Договорот од Рамбује кој повикува Србија да ги прими војцните на НАТО низ Југославија и дека тоа претставувало провокација и изговор да се започне со бомардирањето.

    Тој смета дека барем текстот не требало да биде претставен пред Србите во таа форма. Кисинџер е и на мнението дека НАТО одлучи да ја бомбардира Србија откако се најде во костец и увиде дека договорот не беше прифатен, односно НАТО одлучи да продолжи да бомбардира по првичната акција откако наиде на отпор од Србија, а затоа што, според него, кредибилитетот на Алијансата бил во прашање.

    Кисинџер во 1973 ја добил Нобеловата награда за придонес кон сопирање на војната во Виетнам. Веста за неговата смрт утринава одекна во медиумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img