-„Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.
Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање.
Нека верата во Бога нѐ исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање!
Да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да ја споделуваме божјата милост и поткрепа!
Бидете здрави, живи и бериќетни и имајте незаборавни празнувања!
Христос се роди!
Навистина се роди!
Нека е за многу години големиот празник!.“ истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков
Кирил Пецаков-Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.
![324443986_1178956769657799_4171849726819489578_n](https://ohridsky.com/wp-content/uploads/2023/01/324443986_1178956769657799_4171849726819489578_n.jpg)