More

    ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА“

    spot_img

    На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“.

    – По втор пат за една година под покровителство на локалната самоуправа се собираме денес, за да оддаме признание на најуспешните спортисти во Охрид во изминатата година.Како долгогодишен спортист многу ми е добро познато чувството на радост по добиен натпревар или победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи.
    Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост и на верната публика и се разбира на сите нас. Со тоа што ги вреднуваме вашите успеси, ние како локална самоуправа сакаме да ја потврдиме нашата цврста определба во создавањето на уште подобри услови за развој на сите спортски дисциплини во иднина. За тековната 2023 година во општинскиот буџет се 35.940.000,00 денари, за поддршка на спортистите, спортските клубови и спортските манифестации. Почитувани спортисти, вие сте најавтентичните амбасадори на Охрид и затоа упатувам најискрени честитки до вас и вашите клубови и тренери, до вашите семејствата кои ја даваат својата несебична поддршка, која е можеби најзначајниот дел од една спортската кариера.
    Се надевам дека оваа манифестација ќе стане дел од една нова спортска традиција, затоа што Охрид заслужува да има врвен спорт и да остави силен печат во спортската историја. Уште еднаш, од се срце им честитам на добитниците на наградите и ве повикувам да продолжите со уште поголема посветеност во зацртаните спортски цели, 
    истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

    За охридска спортска надеж (мажи) е прогласен Давид Крстески , а во женска категорија Христијана Парулеска 2.Охридска спортска надеж (жени) и двајцата од  Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид . За спортист/ка странец кој настапува во екипа од Охрид  беше прогласен Владимир Бојаниќ  од Градски Ракометен Клуб „Охрид“ – Охрид. Спортист/ка од Охрид која настапува надвор од територијата на Охрид избран е Михаил Иваноски од Ракометен Клуб „Алкалоид“ – Скопје.

    За тренер на годината беше прогласен Марјанчо Лазаревски од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид. Спортска екипа на годината е Таеквон-до Клуб„Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид

    Спортска приказна на годината е Градски Кошаркарски Клуб „Охрид“ – Охрид. За Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот беше прогласена Јулијана Николиќ (веслање) наградата и се додели постхумно.

    За Спортист на година за 2022 година е прогласен Наум Јаковлев од Карате клуб „Фудошин“ – Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img