More

    Кинескиот претседател едно зборува, друго дома прави

    spot_img

    „Ако Си Џинпинг сака да го повлече чкрапалото на Тајван, тогаш тој не може да си дозволи никакво несогласување од Централната воена комисија“, вели за Ројтерс стратешкиот советник на кинескиот претседател. Во статијата се вели дека Си неодамна назначил тројца нови генерали бидејќи тие се последните кои ќе ја одобрат одлуката на седумчленото Политбиро за евентуален напад.

    Тогаш зошто Си изјави дека Кина е подготвена да работи со САД на стабилност во светот? Дури, тој можеби ќе се сретне со американскиот претседтел на самитот Г20 во Индонезија, објави кинеската државна телевизија.

    – Како големи сили, Кина и САД треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за да помогнат да се обезбеди стабилност во светот – рече Си вчера во пораката на состанокот на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина.

    Неодамна Си го доби третиот мандат како секретар на Комунистичката партија на Кина. Смената на генерали значи дека му е потребна нивната лојалност и дека не смее да се дозволи противење кога се работи за Тајван. На петгодишниот конгрес на Партијата Си рече дека Кина „никогаш нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила“ за да ја преземе контролата врз самоуправниот остров.

    – За (Кинезите) да обезбедат каква било предност, тие ќе треба да се движат брзо, молскавично брзо – додаде советникот Александер Нил за Ројтерс.

    – Нема простор за нервоза. Тоа отсекогаш било размислување на Кинезите за Тајван, а ќор-сокакот во Украина им ја потврди потребата да избегнат да бидат заглавени во бавното трупање на логистика – заклучува тој.

    Ќе договорат ли нешто Бајден и Си? Радио Слободна Европа потсетува дека двете земји се судираат околу политиката на Кина кон Тајван, односите на Кина со Русија и, од неодамна, напорите на САД да ги спречат тајванските компании за чипови да им продаваат технологија на Кинезите.

    САД од своја страна, искажаа голема спремност да му помогнат на Тајван и да се вклучат во одбраната на островот што меѓу другото би вклучувало поморска и битка во воздух.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img