Кина се закани дека нема да отсуствуваат последици откако армијата на САД вчера го собори кинескиот шпионски балон кај брегот на Каролина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кина се закани дека нема да отсуствуваат последици откако армијата на САД вчера го собори кинескиот шпионски балон кај брегот на Каролина, со образложение дека поминал над чувствителни воени локации низ Северна Америка.

Наредбата ја издаде американскиот претседателот Џо Бајден ја издаде наредбата, но тој планирал балонот да биде соборен уште во средата.

„Тој беше советуван дека најдобро време за операцијата ќе биде кога балонот ќе биде над вода“, изјавија американските власти.
Кина одговори дека го задржува правото да „преземе дополнителни активности“ и ги критикуваше САД за „очигледна претерана реакција и сериозно кршење на меѓународната практика“.

Во денешната изјава, кинеското Министерство за надворешни работи рече дека „Кина одлучно ќе ги поддржува легитимните права и интереси на релевантната компанија, а во исто време го задржува правото да преземе дополнителни активности како одговор“.

Присуството на балонот на небото над САД, за кој Кина вели дека е залутано метеоролошко летало, а не шпионско, оваа недела им зададе тежок удар на веќе затегнатите американско-кинески односи кои со години се во надолна линија. Поради балонот, државниот секретар Антони Блинкен ја откажа посетата на Пекинг чија цел беше да се смират тензиите.

 

Share This Article