Кина ѝ дава оружје на Русија и го поткопува меѓународниот мир

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Кина дека ѝ дала оружје на Русија за војната против Украина и дека го загрозува мирот во Европа и Индо-Пацификот.

– Наместо да ја преземе одговорноста за светскиот мир и безбедност како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Кина се спротивставува на нашите основни европски интереси со својата економска и вооружена помош за Русија – рече Бербок во изјавата пред нејзината посета на Пекинг.

Бербок истакна дека „бруталната агресивна војна на Путин против Украина е директна закана“ за мирот.

– Ако Северна Кореја испрати војници и оружје против Украина, додека Русија ја поддржува нуклеарната програма на Пјонгјанг, тоа го загрозува мирот и овде и на Индо-Пацификот – нагласи Бербок.

Бербок, исто така, рече дека, како најголема економија во Европа, Германија се залага за своите интереси на ист начин како што Кина ги брани своите.

– Во економската, климатската и безбедносната политика важи следново: соработка каде што е можно, независност каде што е потребно – рече шефицата на германската дипломатија, додавајќи дека Германија нема да ја сврти главата кога другите ги прекршуваат меѓународните правила на штета на германската и европската индустрија.

Share This Article