More

    Ким Кардашијан одржа предавање на Харвард

    spot_img

    Толку е влијателна ријалити ѕвезда Ким Кардашијан. Стандардите толку многу се сменија речиси на секое поле бидејќи каде и да се свртиш гледаш контроверзна медиумска личност.

    Ким ги сподели тајните за успехот на нејзиниот моден бренд СКИМС со студентите од бизнис школата на Харвард, со што се пофали на Инстаграм.

    „Се надевам дека им спомна на студентите дека ги имаше сите потребни ресурси и дека си осигурана до тој степен што можеше да правиш што сакаш“, „Харвард очигледно ги спушти стандардите“, „Можам да разберам да беше кој било факултет во прашање, но Харвард?“, „Колку им плати за да се фотографираш?“, „Што ти воопшто им кажа на оние студенти кои и онака се веројатно попаметни од тебе?“, коментираат на социјалната мрежа.

     

    Треба да се биде фер кон Ким и да не се робува на предрасудите, но и покрај тоа, впечатокот дека критериумите денес се значително пониски од порано е навистина неизбежен. Ќе го забележите дури и надвор од приказната за оваа ријалити ѕвезда која си додаде бројни титули, меѓу кои и тоа што е магнат на шминка, борец за реформа на затворскиот систем, односно на кривичното право во Америка, сопственичка на моден бренд, кеаторка по потреба, и сѐ друго што ќе посака.

    Крајно е иронично што Ким е толку успешна во сè што прави, а иронијата е што нејзината незаслужена медиумска позиција го овозможи тоа и ѝ даде безброј можности.

    „Мислам дека многу луѓе не ја почитуваат како некој кој води компанија вредна повеќе милијарди долари. Да се ​​учи од некој што изградил толку успешен бизнис беше навистина возбудливо. Мислам дека приватноста без камери во собата и тоа што можев да имам искрен разговор со неа беше исто така многу вредно“, рекла една студентка за „Ен-би-си Бостон“, но не треба да очекуваме поинаков одговор од девојка која припаѓа на генерацијата која порасна со Ким и за која најважните мерила за успех се парите и медиумската популарност, без разлика што се крие зад тие две работи.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img