Кевин Спејси: „Морав да ја продадам куќата, должам милиони“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудскиот актер Кевин Спејси (64) се појави во емисијата на Пирс Морган во своето прво големо интервју откако беше обвинет за сексуален напад во 2017 година.

Спејси минатата година беше прогласен за невин пред британскиот суд за сите обвиненија за сексуално злоставување на четворица мажи меѓу 2001 и 2013 година, а во 2022 година американскиот суд го отфрли обвинението за сексуален напад против него.

Правната битка на Спејси и фактот што Холивуд му ја затвори вратата го доведоа до работ на банкрот, а актерот се расплака во интервјуто и призна дека должи милиони за правни трошоци.

На прашањето на водителот каде живее сега, Спејси одговорил: „Па, смешно е што го поставуваш тоа прашање бидејќи оваа недела куќата во која живеам во Балтимор е запленета. Мојата куќа се продава на аукција“.

„Значи, одговорот на тоа прашање е, не сум сосема сигурен каде ќе живеам во моментов, но јас сум во Балтимор откако почнавме да ја снимаме серијата „Кука од карти“.“

Актерот открил дека неговата куќа е запленета, бидејќи не можел да си ги плати долговите, а на прашањето дали се соочува со банкрот, Спејси рекол: „Размислував да поднесам неколкупати, но некако го избегнавме, барем до денес“.

Актерот додал дека „нема пари“ и дека се бори да ја плати огромната сума за правни такси кои се мерат „во милиони“.

 

Share This Article