Ќерката на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија,, ја посети Србија, а повод беше славата за Свети Никола која семејството Ражнатовиќ ја слави во својот дом на Дедиње.
Ќерката на Цеца во Србија пристигнала сама, без сопругот, фудбалерот Немања Гудељ и неговото семејство, но не се задржа долго.
Откако помина време со семејството, братучедите и се виде со сите нејзини блиски пријатели, Анастасија синоќа набрзина се вратила во Севиља, каде што нормално живее со својот сопруг.
Некогаш Ражнатовиќ, а сега Гудељ преку социјалните мрежи се огласи од аеродром сосема опуштено и без шминка, со качулка на главата, а многумина истакнаа дека нема да ја препознаат.
„Се гледаме подоцна“, напиша пејачката на шпански.