Ќерката на лидерот на Северна Кореја наводно била снимена на настан

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тајната ќерка на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун за прв пат е видена на национален настан, сметаат кинески експерти.

Девојчето, привремено идентификувано како Ким Ју Ае, се појави на сцената на прославата на Националниот ден на Северна Кореја претходно овој месец, пишува Дејли мејл.

Таа беше меѓу групата од неколку деца кои изведоа песна за Ким Jонг Ун и неговата сопруга Ри Сол Ју, но нешто на неа им се истакна на експертите.

Пишувајќи под псевдонимот Самхеро, аналитичар на блогот „InDPRK“ забележа дека Ри Сол Ју го грабнува ова мало девојче на крајот од програмата.

Таа ја става раката на грбот на детето и се гледа како разговара со неа.

А кога другите деца се собираат околу Ким Џонг Ун, скокајќи од возбуда, таа изгледа помирна, дури и фаќа друго девојче за рака за да ја задржи кога ќе се приближи премногу.

Аналитичарот видел дополнителни работи за време на самата изведба: камерата се фокусира на неа додека започнува пеењето, задржувајќи се неколку секунди, пред кадарот да и се враќа повторно и повторно.

Во меѓувреме, се издвојува и нејзиниот изглед, таа е единствената девојка со пуштена коса и единствена која носи бели чорапи.

Можете да ја видите дури и сестрата на Ким, која изгледа дека во еден момент ги брише солзите.

Други забележале дека девојчето настапило само еднаш, кога бил присутен Ким, и дека не била на повторениот настап следната вечер.

Мајкл Маден, експерт за севернокорејската елита, изјави дека ќерката на Ким е на слична возраст со девојчето од приказната.

– Таа во 2022 година би имала близу десет години, што е приближно на возраста на девојчето прикажано на снимките на државните медиуми – рече тој.

Тој додаде дека и самата Ри Сол Ју имала неколку ТВ настапи пред да биде идентификувана како дел од семејството.

– Ри Сол Ју се појавуваше на севернокорејската телевизија во неколку наврати како пејачка, понекогаш како солист, на концерти – рече тој.

– Овие појави се случија пред нејзиното идентификување во јули 2012 година како сопруга на Ким Јонг Ун – додаде Маден.

Share This Article