Ќерката на Јелена Карлеуша ја објави најтажната фотографија досега

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Да беше жива, српската новинарка и радиоводителка Дивна Карлеуша вчера ќе наполнеше 66 години. За жал, во март 2019 година, Дивна ја загуби битката со ракот. Сепак, во срцата на оние кои ја сакаа, таа живее. Најмногу им недостига на нејзината ќерка, српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзините внуки Атина и Ника, а колку им недостига нивната доказ е фотографијата на Ника Тошиќ која ја објави на Инстаграм.

Јелена на Инстаграм често се сеќава на својата мајка за која беше исклучително приврзана, па тоа го направи и вчера.

– Среќен роденден мамо… Денеска ќе наполнеше 66 години… – напиша Јелена со фотографија од нејзината убава мајка.

Јелена, нејзината мајка и нејзините ќерки беа многу приврзани една за друга. Секој слободен момент Дивна го користеше да го помине со своите внуки кои ги обожаваше и чии имиња беа истетовирани на нејзината рака. Иако физички не е со нив, Атина и Ники останаа со прекрасни спомени од нивната баба и фотографии полни со љубов. А една од нив објави Ника, со емотикон со скршено срце.

Претходно Дивна често објавуваше фотографии со своите внуки на кои можевме да ги видиме како се забавуваат како бојадисуваат велигденски јајца, уживаат во прошетка, пливаат во базен… А ги објавуваше и нивните изјави кои ги насмеаја нејзините следбеници на Инстаграм.

– Баки, ти не си баба, ти си најубавото девојче на светот – еднаш Дивна ги пренесе зборовите на Ника.

А, фотографијата на Ника Тошиќ е јасен показател колку и недостига баба и.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article