Кејти Пери и нејзиниот свршеник, Орландо Блум одат на суд со 83-годишен ветеран, кој тврди дека на парот му го продал својот дом во Санта Барбара вреден 15 милиони долари додека бил со „нездрав ум“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската пејачка Кејти Пери (38) и нејзиниот свршеник, британскиот актер Орландо Блум (46) одат на суд со 83-годишен ветеран кој тврди дека на парот му го продал својот дом во Санта Барбара вреден 15 милиони долари додека бил со „нездрав ум“, пишува „Дејли мејл“.

Случајот наскоро ќе заврши на суд, откако правниот спор беше покренат пред три години, по продажбата на куќата во јули 2020 година. Неколку дена пред да го потпише документот за продажба, Карл Весткот бил пуштен од болница каде што морал да оди на операција на грбот.

По неколку дена, односно откако ефектот на лековите против болки поминал, старецот, кој патем боледува од Хантингтонова болест и е ветеран на американската војска, тврдел дека сфатил што направил и дека тоа е не она што го сакал и барал раскинување на договорот. Меѓутоа, адвокатот на славната двојка изјавил дека процесот на продажба мора да продолжи и се заканил дека во спротивно ќе поднесе тужба.

Весткот се вселил во куќата само два месеци пред продажбата и наводно го купил местото во мај, за да „живее таму до крајот на својот живот“. Тој сега се обидува да го поништи договорот затоа што „немал ментални способности да ја разбере природата и веројатните последици“, истакнувајќи дека никогаш не го навел пописот на својот имот ниту разговарал со агент за недвижности за продажба на резиденцијата со осум спални и 11 бањи.

Како што пишуваат странските медиуми, тој нема да дојде на судење бидејќи болеста трајно ментално го онеспособила, но семејството ја продолжува правната битка за контрола над имотот на нивниот татко вреден 15 милиони долари.

Share This Article