Кејт Мидлтон роди три деца, а по секое породување успеваше брзо да ја врати старата фигура. Толку брзо, што некои дури се сомневаа дека таа воопшто била трудна. Сепак, причината не беше ниту нејзиниот метаболизам, ниту каква било диета, ниту начин на живот. За време на сите три бремености, принцезата од Велс се справувала со медицински проблем наречен „hyperemesis gravidarum“, пишува Ен-Би-Си.
Тоа е компликација која се јавува кај некои жени за време на бременоста и треба да се сфати сериозно. Иако се карактеризира со гадење и повраќање, кои се всушност вообичаени манифестации на втората состојба, постојат и низа други симптоми.
Проблемот е немилосрден и исцрпувачки, поради што Кејт речиси и не ја видовме во јавноста додека ги носеше Џорџ, Шарлот и Луис во стомакот.
Многу жени кои боледуваат од хиперемеза се жалат и дека не можат нормално да се хранат, дека ги мачат мирисите на одредени намирници и дека не можат да се здебелат, бидејќи сè што внесуваат брзо го повраќаат.
Симптомите обично се намалуваат по 20-та недела, иако понекогаш можат да траат до самото раѓање, објаснуваат експертите.