Кејт Мидлтон испрати силна божикна порака

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кејт Мидлтон полека се враќа на своите кралски обврски по тешката здравствена дијагноза и превентивната хемотерапија што ја помина. Нејзиниот емотивен говор на традиционалниот божикен концерт на Бадник го потврди нејзиниот силен дух и посветеност кон луѓето.

Во својот говор, Кејт ги повика присутните да се свртат кон вистинските вредности и да размислуваат за подлабоките аспекти што ги поврзуваат сите нас.

– Божик е еден од моите омилени периоди во годината. Тоа е време за подароци, светла и колачиња, но исто така е време да забавиме и да размислиме за подлабоките работи што не поврзуваат сите нас – изјави таа, пренесува Daily Mail.

Апел за љубов и добрина

Кејт го истакна значењето на љубовта, добрината и простувањето како суштина на божиќниот дух.

– Сега треба да паузираме и да се повлечеме од притисокот на секојдневниот живот за да најдеме простор да ги живееме нашите животи со отворено срце, со љубов, добрина и простување, што всушност е божиќниот дух – додаде таа.

Говорејќи за заедништвото, Кејт потенцираше дека празничниот период е можност да размислуваме за искуствата на другите, но и за сопствените ранливости.

– Божикната приказна нè охрабрува да размислуваме за искуството и чувствата на другите. Таа, исто така, ги одразува нашите сопствени ранливости и нè потсетува на важноста да даваме и примаме емпатија. Колку сме потребни еден на друг, и покрај нашите разлики – рече Кејт.

„Љубовта е најголемиот подарок“

Говорот на Кејт кулминираше со моќна порака за љубовта како основен принцип.

– Љубовта што си ја покажуваме себеси и љубовта што ја покажуваме на другите. Љубов што слуша со емпатија, љубов што е љубезна и со разбирање, љубов што простува и љубов што носи радост и надеж. Љубовта е најголемиот подарок што можеме да го добиеме, не само на Божиќ, туку секој ден во животот – истакна таа.

- Advertisement -
Ad image

Тежок пат до закрепнување

За потсетување, Кејт беше подложена на голема операција на стомакот, по што лекарите открија дека има рак.

Следуваше превентивна хемотерапија, која ја заврши во септември. Иако лекувањето е завршено, Кејт призна дека нејзиниот пат кон целосно закрепнување ќе биде долг.

По враќањето на своите официјални обврски, Кејт и принцот Вилијам неодамна остварија средба со емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, и неговата прва сопруга, Шеиха Џавахер, во Лондон.

- Advertisement -
Ad image

Говорот на Кејт и нејзината храброст ги инспирираа многумина, оставајќи силна порака за празничната сезона – љубовта, добрината и заедништвото остануваат нашата најголема сила.

Share This Article