More

    Кејси пред да почине реши да им помогне на другите да живеат

    spot_img

    Кејси Мекинтајр, која почина минатата недела од рак на јајниците на 39-годишна возраст, постхумно ќе овозможи анулирање на милиони долари медицински долгови на граѓаните во Америка.

    Во писмото објавена по нејзината смрт, Мекинтајр напиша дека ќе купи туѓи медицински долгови за да го прослави својот живот. Подготвувала порака за таа и многу други теми за да може нејзиното семејство да ја објави на нејзиниот профил по нејзината смрт, но како што кажал нејзиниот сопруг, таа не успеала да ја заврши.

    „Порака до моите пријатели: Ако ја читате оваа порака, тоа значи дека повеќе не сум жива. Многу ми е жал. Причината за мојата смрт беше претходно дијагностициран рак на јајниците во четврта фаза, кој се врати. Ве сакав сите со целото мое срце и знаев колку сум сакана и јас.

    Последните пет месеци ги поминав дома со семејството и пријателите и беше магично“ – напишла Кејси во пораката која беше објавена покрај десетина семејни фотографии.

    Нејзиниот сопруг Грегори Мекинтајр ден по објавувањето на пораката открил дека ќе го прослави нејзиниот живот така што ќе откупи туѓи медицински долгови. Тој откри и дека збогувањето со неа ќе се одржи во декември и дека се надева дека на тоа збогување ќе може да запали оган, што би го симболизирало палењето на медицинскиот долг.

    „Ќе го прославиме нејзиниот живот со анонимно откупување медицински долгови. Преку добротворната организација RIP Medical Debt, купуваме медицински долгови на други луѓе и ги уништуваме“ – соопшти нејзиниот сопруг во пораката објавена во вторникот.

    За три дена по објавата, како што објави агенцијата АП, собрани се околу 140 илјади долари, што е доволно да се откупи или избрише околу 14 милиони долари медицински долг.

    „Кејси беше многу, многу болна на крајот и не можеше да заврши сè што сакаше да заврши. Но, знаев дека таа сака вакво нешто, па го направив она што мислев дека ќе посака“ – рекол нејзиниот сопруг Грегори.

    На Кејси ѝ бил дијагностициран рак на јајниците во 2019 година. Тогаш станала свесна колку е скапо лекувањето и дека има многу луѓе кои не можат да си го дозволат.

    Откако за малку ќе умрела во мај, во договор со нејзиниот сопруг, таа одлучила да започне кампања за собирање средства за плаќање медицински долг на луѓе кои немаат пари.

    – Кејси и јас сфативме дека многу луѓе не можат да се лекуваат од рак бидејќи третманот е ужасно скап. Наместо да сонуваме за лек, се прашувавме што ако можеме да им помогнеме на луѓето кои се заглавени со медицински долгови – рече нејзиниот сопруг, додавајќи дека Кејси имала добро здравствено осигурување и квалитетен третман, но виделе колку луѓе всушност не можат да си дозволат такво нешто.

    Затоа тие се приклучија на кампањата RIP Medical Debt, која собира средства и ги брише долговите купени од болниците и другите даватели на здравствени услуги.

    Оваа непрофитна организација објаснува дека за секој дониран долар купува околу 100 долари долг, а целта и е да им помогне на луѓето со помали примања. Портпаролот Даниел Лемперт рече дека организацијата никогаш досега немала кампања што се спроведувала по нечија смрт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img