Ќе зборува неколку блока подалеку од местото на кое Рузвелт преживеа атентат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Милвоки, каде што  денеска започнува четиридневната Националната конвенција на Републиканците на која официјално ќе биде прогласен за кандидат на партијата за Белата куќа. Медиумите објавија дека во Милвоки, Трамп ќе одржи говор само неколку блока подалеку од местото каде што во 1912 година беше извршен неуспешен атентат на вториот американски претседател Теодор Рузвелт.

Тој пристигна во Висконсин според планот, и покрај тоа што беше цел на обид за атентат на митингот во Пенсилванија.

По слетувањето на пистата на аеродромот во Милвоки, Трамп излегол од авионот придружуван од неговите советници и ја кренал тупаницата во воздух, исто како што направил веднаш по атентатот.

Пред тоа Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“ напиша:

„Планирав да го одложам моето патување во Висконсин за републиканската национална конвенција за два дена, но решив дека не можам да дозволам „снајперист“ или можен атентатор да нè натера да го презакажуваме или нешто друго. Затоа заминувам во Милвоки како што беше планирано“.

Претставниците на тајните служби изјавија дека нема да има промени во безбедносните планови поврзани со собирот.

Мајкл Ватли, претседател на Републиканскиот национален комитет (РНЦ), изјави за Фокс њуз дека властите работат заедно за да го обезбедат местото на одржување на конвенцијата во Милвоки, каде  што партиските функционери со месеци вршат безбедносни подготовки.

Се очекува околу 50.000 луѓе да присуствуваат на четиридневниот настан на кој републиканците ќе им откријат на гласачите што нудат на претседателските избори во ноември.

На конвенцијата во четврток Трамп треба да го соопшти и името на кандидатот за потпретседател.

- Advertisement -
Ad image

Медиумите објавија дека во Милвоки, Трамп ќе одржи говор само неколку блока подалеку од местото каде што во 1912 година беше извршен исто така неуспешен атентат на вториот американски претседател Теодор Рузвелт.

На местото на атентатот сега е изграден хотел во кој републиканците редовно престојуваат. Влезниот хол на хотелот „Hyatt Regency“ поранешен „Gilpatrick Hotel” служи како спомен на атентатот.

Share This Article