Британско-холандскиот нафтен гигант „Шел“ објави дека поради тензичната состојба на пазарот, привремено ја ограничува продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на одредени големи клиенти во Германија.
Шел го објасни потегот како „големи нарушувања и недостиг на енергетските пазари“ предизвикани од војната во Украина, последователните санкции против Русија и растот на економската активност по затишјето на пандемијата.
– За да продолжиме да ги исполнуваме нашите договорни обврски, ја ограничивме продажбата на нафта за греење, дизел и други производи на физичките пазари без претходен договор. Правиме сѐ што можеме за да ги „стабилизираме синџирите на снабдување“, но тешко е да се предвиди како ќе се развива ситуацијата – соопшти британската компанија.
Портпаролот на компанијата одби да ја коментира одлуката.