Наследи најмалку три вили на својот татко вредни милиони фунти, бизнисмен е од својата 20 година, а сега го нарекуваат „олигархот-плејбој“ кој ќе го наследи Евгениј Пригожин. И официјално Павел раководи со „Вагнер“. Тој е еден од најбогатите луѓе во Санкт Петербург, а неговото деловно влијание се протега на нафатата, гасот, луксузните недвижни, хотелите, но и уметничките дела.
Ќе се снајде ли 25-годишникот во улогата на татка си, а притоа да ги врши и валканите работи на руската армија? Всушност, Павел треба да наследи се: Куќа на карпа од 1,25 милиони фунти со два базени и хелиодром, луксузна суперјахта вредна 4,35 милиони фунти, три приватни авиони, бесценета колекција на стари автомобили и семејното богатство проценето на неверојатни 16,4 милијарди фунти.
„Павел е бизнисмен од својата 20-та година, со удел во градежништвото и развојот, благодарение на неговиот татко“, објаснува Ана Арутунјан, глобален соработник во Центарот Вилсон, тинк-тенк во Вашингтон.
„Ова е прилично типично – руските бизнисмени имаат тенденција да го донесат своето семејство, предавајќи им имот за да бидат безбедни и во семејството“.
Од вилите кои ги наследи се издвојуваат 10 хекатри покрај Црното Море, потоа раскошната италијанска вила вредна 3 милиони фунти и замокот во Санкт Петербург од 85 милиони фунти во кој, во неодамнешната рација, беше откриено дека има оружје, препариран алигатор, готовина и гардероба полна со перики…
Павел од март годинава се соочи со санкциите кои претходно Западот ги воведе за неговиот татко. Не можеше да патува. Не можеше да ужива на одмор со брод на езеро како што претходно беше снимен со неговата жена – Екатерина Инкина, ќерка на банкарски магнат и сопственик на ресторан.
Групацијата „Вагнер“ продолжи со регрутирање на борци во Перм и Новосибирск, објавија руски медиуми. Претставник на групата Вагнер во Перм им изјави на новинарите дека единицата е вградена во Росгвардија (руската Национална гарда) и е предводена од синот на Пригожин.
– Регрутираме луѓе кои веќе имаат борбено искуство, вклучително и луѓе кои претходно припаѓале на приватната воена компанијата ПМЦ – изјави Павел Пригожин за 59.ru.
На 27 октомври, регрутер на групата Вагнер изјави за весникот iStories дека тоа е „единствениот одред што има официјален договор со руската Национална гарда“.
Многу сметки на Телеграм објавуваа разни фотки од Павел, но дел од нив сигурно се лажни. Во 2016 година, кога тој имаше 18 години беше сликан разголен на јахтата Сент Витамин долга 37 метри. После ова, велат експертите, неговиот татко долги години пробуваше да ја врати репутацијата, имиџот на својот син.
Дали тоа што Павел беше награден со „Црн крст“ за наводната служба на „Вагнер“ во Сирија значи дека тој учествуваше во војната?
Лани во декември објава на социјалните мрежи наводно ја откри локацијата на единицата во која служел Павел во „Вагнер“, а подоцна загинаа 18 соборци во украински напад.
Сега Павел самиот треба да го води „Вагнер“.