Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза. Овој предлог наскоро ќе се најде пред пратениците во македонското Собрание. Очекувам и повикувам сите пратеници, да покажат одговорност и да ги поддржат овие законски измени – изјави вчера Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
– На предлог на надлежното министерство, Владата усови предлог за законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите. Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја.
Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува. Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза – рече Георгиевска.
Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.
– Овој предлог наскоро ќе се најде и пред пратениците во македонското Собрание. Очекувам и повикувам сите пратеници, да покажат одговорност и да ги поддржат овие законски измени.
СДСМ и коалицијата, преку Владата што ја предводат преземаат мерки веќе една година за намалување на ценовните шокови, ублажување на последиците кои ги чувствуваат сите граѓани и компаниите. Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помали приватни компании добиваат 80 отсто субвенционирана цена на електрична енергија.
Зголемено е и домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија – рече пратеничката Георгиевска.