Ќе се градат 775 нови станови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во декември минатата година се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23,9  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу дозволи за градба, 167,  има во Скопскиот регион, зад кој следат Полошкиот – 58, Источниот – 43, Југозападниот – 31, Југоисточниот – 25, Вардарски – 22, Североисточниот – 21, Пелагонискиот – 11.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 837 810 000 денари, што е за три проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (60,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 42 (11,1 процент)  од нискоградба и 108 (28,6 проценти) за објекти за реконструкција.

На 226 објекти (59.8  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 (40.2  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 757 станови, со вкупна корисна површина од 64 401 метри квадратни. Од вкупната бројка, 537 станови се во Скопје, од кои 224 во Карпош, 85 во Гази Баба, 77 во Аеродром, 68 во Центар, 44 во Сарај, 21 во Сопиште.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply