Ќе се бара намалување на казните за осудените за „крвавиот четврток“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе предлог-законот за амнестија на осудените за настаните од тнр „крвав четврток“, односно упадот и физичкото насилство во Собранието од 27 април 2017 година, потврдија извори во партијата.

Предлогот го изработиле двајца скопски адвокати, Јанаки Митровски и Драган Пешевски, по што се очекува опозицијата да го поднесе во собраниска процедура. Според најавите, можни се претходни интервенции во предлогот што го изработиле адвокатите. Како што дознаваме, во него се предвидуваат делумна и целосна амнестија за осудените, и можност за намалување или целосно ослободување од казните.

За упадот во Собранието осудени се 17 лица на вкупно 118 години затвор, за дела „терористичко загрозување на уставниот поредок“. Затворските казни се движат од 7 до 15 години, и повеќето осудени веќе ги издржуваат.

Во случајот беше донесена само една ослободителна пресуда, за оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“.

Некои од осудените велат дека ќе одбијат амнестија, доколку таа подразбира дека тие треба да прифатат дека учествувале во делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Share This Article