Ќе поевтини роамингот на ЕУ со Западен Балкан

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на мобилниот интернет меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе бидат пониски од 1 октомври годинава, а сите надлежни институции се согласија за одлуката за цените на тарифните додатоци и за специјалните тарифни пакети.

Намалувањето на цената ќе се воведува постепено, низ неколку фази, завршувајќи во 2028 година, со цел да се создадат уште поповолни тарифи, а најавеното намалување на цената во октомври е првата фаза.

Граѓаните на Западен Балкан (БиХ, Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија) ќе можат практично да користат пакети преку кои мобилниот интернет во роаминг ќе стане попристапен. Цените ќе бидат пониски од редовните пакети, а некои телекомуникациски компании во Србија веќе ги објавија деталите.

Така, на пример, во една од најавите стои дека операторите се договориле за максимални нивоа на цени од октомври 2023 до 2028 година, така што максималната цена за 1 гигабајт (GB) пренос на податоци во роаминг ќе биде 18 евра од 1 октомври 2023 година, 14 евра од 2026 година и 9 евра од 2028 година, пишува Блиц.рс.

Операторите се обврзале да им обезбедат на корисниците понуда или пакет што ќе одговара на овие услови во наведениот период.

Договорот што го постигнаа операторите доаѓа по потпишувањето во Тирана на Декларацијата за намалување на цените на интернет сообраќајот за корисниците на земјите од ЕУ и земјите од регионот на Западен Балкан. Оваа Декларација е резултат на ангажманот на телекомуникациските оператори од Европската Унија и регионот на Западен Балкан со поддршка на Регионалниот совет за соработка (RCC) и Европската комисија на Советот на Европа.

Share This Article