Ќе ги поврземе патарините, дипломите и туризмот

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претпријатијата од Северна Македонија, Србија и од Албанија кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарините, најави на денешната прес-конференција на Самитот Отворен Балкан во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски.

Тоа значи, како што рече, дека граѓанин од Србија со таг за електронска наплата со своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и на албанска патарина. Системот ќе го препознае и рампата на патарина сама ќе се крене со електронска наплата.

– Така ќе ги намалиме гужвите по автопатите и патарините, а граѓаните побрзо ќе стигнат до крајната дестинација. Тоа се бенефитите на кои што работат институциите и соодветните државни претпријатија во сите три држави – додаде Ковачевски.

Претставувајќи ги придобивките од соработката најави дека веќе се подготвуваат за Саемот на вино, храна и туризам во Белград во септември, на кој ќе презентираат сериозен обем на македонски производи, наши сортни вина и македонска храна ќе ги доближиме до регионот и до светот.

На Самитот исто така лидерите се договориле дека заедно ќе се справуваат со економската криза и недостатокот од храна и енергија.

– Отворен Балкан има конкретни резултати и затоа земјите од регионот мора да станат членки на ЕУ. Денеска овде во Охрид отвораме нови поглавја во соработката во областите на туризмот и културата. Час поскоро нашите граѓани од Отворен Балкан да почуствуваат нови економски и други бенефити. Може тоа да биде убав одмор во Саранда, Охрид или Копаоник. По поволни услови, со прилагодени цени – додаде премиерот.

Тој посочи дека го смета овој Самит за позитивен пресврт бидејќи, како што рече, за првпат и Црна Гора и Босна и Херцеговина и цела меѓународна заедница се на исто место.

– Охрид нѐ обедини за заедничко добро на нашите народи. Упатувам благодарност на сите лидери што дојдоа и на сите учесници. Сите ние сме на едно место. Со заедничко разбирање, за иднината на Западен Балкан – додаде премиерот Ковачевски.
Меѓу другите документи, Ковачевски, Рама и Вучиќ потпишаа и соработка во областа на образованието, културата, туризмот и од областа на даночната политика.

Трите држави го потпишаа Договорот за соработка на Западен Балкан во полето на взаемно признавање на дипломи и научни титули издадени во високообразовните институции и други овластени институции. Со одредбите се забрзува постапката за прифаќање на дипломите и професионалните звања, со што се поедноставува и олеснува процедурата, како исклучителна придобивка за граѓаните од регионот со позитивни импликации за заедничкиот пазар на трудот. Договорот го потпишаа Ковачевски, Вучиќ и Рама.

- Advertisement -
Ad image

На самитот денеска беше потпишан и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот.

Со овој меморандум, кој го потпишаа министерот за економија Северна Македонија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро-Фурчи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, се предвидуваат активности за заедничка промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација.

Една од целите на Меморандумот за соработка во културата, што денеска го потпишаа министерките за култура на Северна Македонија, Албанија и Србија, Бисера Костадинова-Стојчевска, Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, е креирање на заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе го поттикне културниот туризам.

- Advertisement -
Ad image

Со Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот, што денеска исто така беше потпишан на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се создаваат нови можност за полесно прекугранично движење на луѓето, стоките или услугите.

Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации во Западен Балкан го потпишаа директорката на Управата за јавни приходи на Северна Македонија Сања Лукаревска, директорка на даночната управа на Србија Драгана Марковиќ, и директорот на Генералниот директорат за даноци на Албанија Цено Клоси.

На потпишувањето на документите од трите држави-иницијатори на „Отворен Балкан“, во рамки на самитот во Охрид, претходеа неколку панел сесии, на кои се обратија лидерите, претставници на меѓународната заедница, на стопански комори и на разни други институции, на кои беше истакнато дека земјите од Западен Балкан се тесно поврзани и дека нивната соработка е поттик за унапредување на регионалната соработка и за напредок на секоја земја одделно.

Share This Article