More

    Казните не помогнаа да се запре инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“

    spot_img

    Со полициска асистенција градоначалникот na Општина Центар Горан Герасимовски и службите на општината изутринава интервенираа на градилиштето зад Универзална сала, каде поради градежни работи се отвори голема дупка на дел од улицата „9 Мај“.
    Општината најави дека, затоа што два месеци фирмата која гради не постапила по насоките, тоа сега ќе го направи механизација на Општина Центар. Цело градилиште ќе биде затрупано со земја.

    На градилиштето Герасимовски и полицијата изутринава затекнале работници кои вршеа градежни активности, ги информирале за што се дојдени и дека ќе постапуваат. Полициските службеници им посочиле дека треба да се тргнат од објектот, зашто ќе се затрупува со земја цело градилиште.

    Дел од улицата 9 Мај зад Универзалната сала во Скопје се одрони и пропадна во градилиште за нова зграда. Градежната инспекција од Општина Центар, откога се одрони дел од улицата, три пати вршеше увид на градилиштето. И во претходните два увида инспекторите констатираа дека јамата е необезбедена. На првиот увид, заедно со општинскиот градежен инспектор и полицијата, излезе и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и го затворија градилиштето токму поради необезбедената градежна јама.

    Градителот веќе еднаш добил забрана за вршење градежни работи од Општина Центар, токму поради тоа што копал дупка без да направи заштитна јама за обезбедување на соседните парцели. Но, и покрај забраната, градителот ја искинал жолтата лента и продолжил да гради. Потоа, инспектори заедно со градоначалникот Горан Герасимовски, повторно излегле на терен и му наложиле на градителот да ги обезбеди потребните услови, па дури потоа да продолжи да гради.

    Жителите на улицата се револтирани и крајно загрижени за безбедноста, со оглед на тоа што улицата, која е до половина одроната, не може да се користи и постои опасност одронувањето да продолжи. Тие стравуваат дека е можно да се наруши стабилноста на околните згради и куќи и побараа интервенција на инспекциските служби.

    „Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изрече пет казни на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, во вкупен износ од 12.500 евра во денарска противвредност, за небезбедното градилиште.
    Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски ленти и продолжуваше со градење, не земајќи ги предвид законските одредби и решенијата од инспекцијата“, соопшти Општина Центар. Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ беше обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно на одобрението за градење.

    Со изоставувањето на армирано бетонските колови, инвеститорот ги довел во опасност околните објекти, поради што пропадна дел од улицата 9. Мај. Оттука, постапувајќи по Законот за градење, градежниот инспектор на Општина Центар изрече вкупно пет глоби и тоа: 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето; 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инжинер за изведба, сите во денарска противвредност“, информираат од Општина Центар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img