Седумдесет и четиригодишен кавадарчанец вчера бил пронајден со тешки телесни повреди и во бесознание на улицата „Индустриска“ во Кавадарци, информираа денбеска од СВР Велес.
– Во ОВР-Кавадарци вчера било пријавено дека во 15:45 часот на улицата со тешки телесни повреди и во бесознание бил пронајден О.Ш. од Кавадарци. Лицето било пренесено во Општа болница – Кавадарци за укажување лекарска помош – појаснуваат оттаму.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.