„Карпата“, со голем број следбеници во САД, објасни зошто нема да поддржи ниту еден кандидат на претседателските избори оваа година, откако ги поддржа Бајден и Харис во 2020 година

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудскиот актерк Двејн Џонсон, познат и под прекарот „Карпата“, со голем број следбеници во САД, објасни зошто нема да поддржи ниту еден кандидат на претседателските избори оваа година, откако ги поддржа Бајден и Харис во 2020 година. Двејн „Карпата“ Џонсон рече дека жали што го поддржал Џо Бајден во 2020 година, споделувајќи ги своите ставови за културата на откажување.

Во неодамнешното интервју за Вил Кејн од „Фокс њуз“, Двејн изрази жалење поради својата поддршка на Џо Бајден за претседател во 2020 година.

„Дали сум среќен со состојбата на Америка во моментов? Па, тој одговор е не. Дали верувам дека ќе ни биде подобро? Верувам во тоа. Јас сум оптимистичен човек и верувам дека можеме да бидеме подобри“, рекол тој.

Двејн Џонсон го поддржа Бајден во неговата кампања во 2020 година, но сега вели дека жали за таа одлука и дека нема политички да се залага во брзо време.

„Поддршката што му ја дадов пред многу години на Бајден беше онаа за која мислев дека беше најдобрата одлука за мене во тоа време“, рекол тој. Но, работите се смениле за Џонсон.

„Дали ќе го направам тоа повторно оваа година? Тој одговор е не, нема да го направам тоа, бидејќи она што го сфатив, што го предизвика тогаш, беше нешто што ме кинеше во стомакот, тогаш и сега, а тоа е поделеност. И тоа ме погоди. Потоа почнав да сфаќам дека тоа предизвикало неверојатна количина на поделба во нашата земја“, рекол и објаснил зошто оваа година не поддржал ниту еден кандидат.

„Сфаќам дека тоа нема да го направам сега и не би го направил затоа што целта ми е да ги зближам нашите луѓе. Нема да има поддршка. Не дека воопшто се плашам од тоа, но сфаќам дека на ова ниво на влијание ќе ја задржам мојата политика за себе. И мислам дека тоа е помеѓу мене и гласачките кутии“, рекол Џонсон.

„Но, јас ќе ви го кажам ова: иако, како и многумина од нас, не им верувам на сите политичари, му верувам на американскиот народ и верувам дека за кој и да гласаат, тој ќе биде мој претседател и јас ќе го поддржам, 100 отсто“, додал актерот.

Недостигот на поддршка од познатиот актер може да биде удар за тимот на Бајден и за претседателската кампања во 2024. Пред четири години Џонсон се најде на насловните страници кога седна со Бајден и Камала Харис и ја објави својата поддршка, што беше порака која ја промовираше кампањата на Бајден.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article