Како што објаснува кардиологот Ју-Минг Ни, нашиот крвен притисок се смета за клучен витален знак бидејќи е еден од најважните показатели за здравјето на срцето кој предупредува на ризикот од срцеви заболувања, срцева слабост и срцеви удари.
Но, симптомите на висок крвен притисок може да бидат многу суптилни или едноставно да се помешаат со други состојби, што може да биде многу опасно. Токму затоа, објаснува кардиологот, потребно е редовно мерење на крвниот притисок. Но, колку често треба да го проверуваме?
„Им препорачувам на моите пациенти да го мерат крвниот притисок еднаш или двапати неделно, бидејќи само неколку го прават тоа“, вели др. Ју-Минг Ни кој додава дека препораките се различни за луѓето со срцеви заболувања, како што пренесува Индекс.
„Во тој случај луѓето кои имаат одредени проблеми со срцето треба секојдневно да го мерат крвниот притисок.
Исто така, кардиологот советува дека најдобро би било да ги запишеме резултатите од мерењето на притисокот за да можеме лесно да знаеме кога нешто се менува.
„Не можам доволно да го нагласам ова. И ние лекарите го набљудуваме крвниот притисок со текот на времето за да видиме дали има некакви промени, а истото секогаш им го советувам и на пациентите кои дома го мерат притисокот“, објаснува тој.