More

    Канцеларијата ми е доделена во јуни, но сѐ уште не е уредена, вели Пендаровски

    spot_img

    Поранешниот претседател Стево Пендаровски во јуни ја добил канцеларијата што му следува според законот, но сè уште не е доопремена за користење. Во изјава за Плусинфо тој вели дека очекува следниот месец таа целосно да профункционира.

    Во врска со обвинувањата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека покажал лажна скромност со тоа што првин рекол дека не сака канцеларија, а веќе следниот ден ја побарал од Владата, Пендаровски вели дека канцеларијата ја побарал откако му соопштиле дека нема законска можност да користи просторија за средби.

    – Веднаш по завршувањето на мојот мандат испратив допис до Министерството за надворешни работи и побарав да ми овозможат користење на просторија за одржување средби со граѓаните и со меѓународните претставници, но, од таму одговорија дека за такво нешто не постои ниту законска основа, ниту претходна политичка пракса. Затоа веќе наредниот ден испратив допис до Службата за општи и заеднички работи на Владата да ми обезбедат, согласно со законот, таква просторија, што беше реализирано во текот на јуни оваа година. Затоа е нејасно зошто владејачката партија излегува со прес-конференции и соопштенија во кои самата дава одговор на прашањата кои ги поставува пред јавноста. Македонските граѓани лесно можат да заклучат кој е лицемерен во случајот и кој објавува соопштенија со кои самиот се побива – вели поранешниот претседател за Плусинфо.

    Тој информира дека канцеларијата сè уште нема веб-страница и граѓаните не можат да закажуваат средби затоа што просторот не е доопремен.

    – Канцеларијата е во постапка за целосно доопремување што ја води Службата за општи и заеднички работи. Очекувам најдоцна следниот месец да биде ставена во функција и веб-страната на која заинтересираните граѓани ќе можат да пристапуваат – додава Пендаровски.

    ВМРО-ДПМНЕ викендов го обвини експретседателот дека манипулира со граѓаните.

    „На 14 мај 2024 година од Кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но, бидејќи таа можност не постои во иднина ќе земел. Таа иднина очигледно веќе била на 15 мај, т.е. наредниот ден, кога Пендаровски побарал да му се дозволат средства за канцеларија. На претседателот по закон му следува канцеларија, но лажната скромност и лицемерие на Пендаровски се одраз на неговиот манипулативен однос со граѓаните. Како што менуваше ставови од позиција на претседател, така менува и сега, што ќе каже денес, не важи и утре“, соопшти владејачката партија.

    По завршувањето на неговиот мандат како шеф на државата Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции и не зеде претседателска пензија. Тој се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

    Во неговата канцеларија има тројца вработени, секретарка, вработена за протокол и советник, кои, како што претходно најави Пендаровски, му се потребни за административната и логистичка поддршка за средби со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции.

    Пендаровски има право и на лично обезбедување, кое, исто како и другите бенефиции, му следува според Законот за правата на претседателот и неговото семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img