Канје Вест ѝ забранил на сопругата да зборува, ѝ кажува што смее да јаде и да облекува

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Канје Вест ѝ издал нови упатства на својата сопруга Бјанка Ценсори со кои од неа бара таа „никогаш да не зборува“, како и низа правила според кои треба да живее.

Ова се однесува за сите аспекти од животот, па дури и за одредена храна што смее да ја јаде и што може да облекува, тврди изворот, пренесува „Дејли мејл“.

Веста доаѓа во услови на постојани стравувања од обожавателите дека раперот манипулира со својата таканаречена „сопруга“.

Во јануари 2023 година ТМЗ објави дека раперот Канје Вест по разделбата со Ким Кардашијан продолжил понатаму и дека на тајна церемонија ѝ го кажал судбоносното „да“ на Бјанка Ценсори, дипломирана архитекта.

Бјанка Ценсори во последните неколку месеци стана сензација во светските медиуми, најмногу поради провокативните изданија во кои секојдневно се појавува.

Во написот кој го објави „Дејли мејл“ пишува дека контроверзниот рапер ја условува својата сопруга. Имено, таа добила строга листа на правила во кои е назначено како мора да се однесува и што смее и дали воопшто смее нешто да каже.

„Дејли мејл“ пишува дека Канје ѝ забранил на Бјанка да зборува, поточно, дека не смее никогаш да зборува и тоа е правило под кое може да остане во брак со него. Помеѓу правилата е и специфичниот режим на исхрана и начинот на кој може да се облекува.

Извештајот на британскиот медиум истакнува дека однесувањето на Канје Вест е манипулација со Бјанка за од неа да направи „порадикална верзија од поранешната сопруга Ким Кардашијан“.

„Покрај тоа што не смее да зборува и мора да го носи само она што тој ќе го дозволи, тој ѝ забранува да вежба и да посетува теретана“, изјавил извор близок до парот.

- Advertisement -
Ad image

Кога беше објавена вестa дека Бјанка и Канје се заедно, набрзо потоа таа ги избриша сите профили на социјалните мрежи. Извор за „Дејли мејл“ истакнува дека сите се многу загрижени за неа бидејќи се однесува на начин кој е непознат за нив.

„Тоа не е таа. Таа е тип на личност која е отворена и отворено зборува за разни теми. Не е тип на човек кој некој може да го замолчи“, вели изворот.

Интересно е дека Ким Кардашијан во интервју во 2018 година за магазинот „В“ го изјави следново: „Отсекогаш мислев дека имам добар вкус за мода, сè додека не се појави мојот сопруг кој ми рече дека го имам најлошиот вкус за мода на светот“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article